Најскапата печатна грешка во историјата

source-code-1280x800-digital-art-wallpaper

Правилната интерпункција е важна, но обично не предизвикува страшно големи проблеми надвор од граматиката. Ама едно конкретно тире, тоа од 1962 година во случајот на Mariner 1, се покажа екстремно важно, и тоа на интерпланетарно ниво.

Мисијата на NASA беше најавувана со фанфари и очекувана со нетрпение. Mariner 1 беше првата американска интерпланетарна сонда, и имаше релативно лесна задача: да се доближи до најблискиот наш сосед – Венера.

На денешен ден, 22 јули 1962 година, сондата ќе биде успешно лансирана во нешто што ќе се покаже како огромен неуспех. Многу брзо ќе се покаже дека постои грешка во компјутерските пресметки, што ќе резултира со тоа сондата да го смени курсот и NASA да ја активира програмата за самоуништување на само 293 секунди по успешниот старт. Мисијата ќе заврши со експлозија за помалку од 9 минути.

Во изјавата пред конгресот, Ричард Морисон од NASA рече само дека до тоа сондата да се одалечи од курсот дошло заради „грешка во компјутерската пресметка“. Според еден од официјалните извештаи, пак, причината е печатна грешка во делот од кодот на сондата кој се однесувал на брзината и траекторијата – фалело едно единствено тире. Штетата – милиони и милиони долари.

Артур Кларк, авторот на „2001: Вселенска одисеја“, го нарече „најскапото тире во историјата“.

- Реклама -