Има настани, на кои мажите задолжително треба да носат одело. Колку е повеќе официјален настанот, толку поверојатно е таков да биде и дрес кодот. Најдобрите смокинзи не се воопшто евтини, па во тој контекст ви ги претставуваме 10-те брендови кои ги произведуваат најскапите. Тука не станува збор за уникатни еднократни примероци, туку линии во сериско производство:
Issey Miyake – 2800 долари
Мијаке бил графички дизајнер, пред да стане моден дизајнер. Тој го облекувал Стив Џобс и е познат по едноставниот дизајн. Смокинг од компанијата ќе ве чини малку под 3 000 долари.
Џеј Кос – 2800 долари
Тој е омилен дизајнер на раперите и рок ѕвездите, бидејќи тие ги сакаат боите. Кос нема црн смокинг меѓу моделите.
Oxxford руво – 3000 долари
Компанијата всушност не е од Оксфорд, туку од Чикаго, а е основана во 1916 година. Списанието Форбс ги има прогласено за најдобрите во САД.
Андерсон и Шепард – 3100 долари
Во 1906 година тој буквално направи револуција во машкиот костум, што претставува т.н. „лондонски крој“ – кој дава повеќе слобода во движењето на рацете. Фановите на овие модели биле Фред Астер, Том Форд и др.
Ралф Лорен – 3 295 долари
Невозможно е машката висока мода да да помине без овој бренд. Компанијата се потпира на чисти линии.
Џорџо Армани – 3595 долари
Обично неговите модели се разликуваат и може да ги познаете веднаш. Марката прави костими за многу холивудски филмови.
Ботега Венета – 3800 долара
Познати се главно по кожената роба. Прават машки костуми од 2006-тата година и ги продаваат во своите бутици низ целиот свет.
Canali – 4 200 долари
Оваа италијанска компанија прави убави смокинзи од 30-тите години па наваму.
Бриони – 48 000 долари
Тука веќе навлегуваме во различна категорија. Еден смокинг на овој бренд вреди колку по еден од сите 8 до сега. Компанијата е основана во 1945 година од Назарено Фонтикони и Гета Савин. Моделот Vicuna е од кожа и златни нишки и чини 48 000 долари. Стандардните нивни модели се околу 6 500 долари.
Kiton – 50 000 долари
Марката е основана во 50-тите години. Најскапиот модел се нарекува K50 и чини 50 000 долари. Нивните стандардни модели чинат 20 000 долари.