Најсмешните кинески копии на светски познатите брендови

Безмалку сите големи светски брендови имаат свои продавници и ограноци и во Кина. Но, паралелно со нив, Кина има и нивни лажни копии.

Adidas, Macdonald’s и Армани, на пример, појма немаат за нивните кинески двојници. А Кинезиве немаат ни срам, ни перде. Така, таму можеш да си купиш часовник Owega (наместо Omega), телевизор Sonia (наместо Sony) или музички систем Panosaonic (наместо Panasonic, нели). Се разбира, средната класа ги презира евтиниве копии и претежно купува оригинали. Но тоа не значи дека фалсификативе нема да ги најдете и во трговски центри, обично во посиромашните региони. Тек-тук, меѓу фалсификатите ќе се најде и некој доста квалитетен, обично направен од Кинези кои работеле во оригиналните фабрики,  на пример.

Прочитајте и:  Македонските државјани од 30 ноември во Кина ќе патуваат без визи

Но кинеската лудост со копирање на брендови не застанува тука. Добар пример е случајот со Washington Post. До пред некое време, можевте да го најдете и во Кина, на мандарински јазик. Проблемот е што во Вашингтон не знаеја дека, ете, има кинеска верзија. Во септември Financial Times открија дека станува збор за „клон“. На сајтот, освен оригинални статии преведени на кинески, излегувале и вести од официјалната национална кинеска новинска агенција Xinhua. Откако вистинскиот Washington Post реагираше, неговиот кинески „огранок“ мистериозно престанува да постои.

- Реклама -