Најсмешните прашања поставени по книжарите

Не сите кои влегуваат во книжарниците, се многу запознаени со читањето и воопшто со светот на книгите. Овие неколку примери подолу се жив доказ за тоа. Не се среќаваат секој ден луѓе кои ги прашуваат продавачите каде пишува колку страници е книгата …

– Клиент: Ја барам Библијата, но не сум сигурен кој е авторот.

– Клиент: Наскоро ќе го поканите ли Толкин да дели автограми?

– Клиент: Каде во книгата пишува колку страници е долга?

– Клиент: Сакам книга за холокаустот. Сепак да не е многу тажна.

– Клиент: Шекспир … Тој е насекаде, нели? Не можеш да избегаш од него. Посакувам да им направи услуга на сите и едноставно да умре.

Most-Frequently-Challenged-Book-ftr

– Клиент: Ми треба навистина страшна книга која ќе ја подарам на некој што го мразам. Некакви предлози? –

Клиент кој ја купува „Патувањата на Гуливер” од Џонатан Свифт: Мислам да патувам и решив дека ова четиво ќе ми даде доста идеи каде да одам. Изгледа тој одел на најинтересните места во светот!

– Клиент: Сакам книги во кои приказните во нив навистина се случиле. Како „Самрак”.

– Клиент: Не сакам биографии. Протагонистот речиси секогаш умира на крајот.

– Клиент: Што ќе кажеш за „Хобит”? Нејзината пријателка: Не. Ќе дознаам што се случува во филмот.

 

man-with-books

– Клиент: Сакам да и купам книга на мојата сопруга.

– Книжар: Се разбира. Која книга?

– Клиент: Некоја розова

girl-meeting-a-guy-at-a-bookstore

– Клиент: Ќе ми препорачате ли книга која што откако ќе ја прочитам, ќе ги натерам девојките да спијат со мене?

– Клиент: Имате ли книги со автограми од писатели кои наскоро ќе починат? Сакам да направам инвестиција.

– Клиент: Ја барам книгата “Ромео и Јулија”. Станува збор за битката меѓу фамилијата Ди Каприо и друга банда.

– Клиент: Навистина ми се допаѓа „Педесет нијанси сива”. Имате ли илустрирана верзија?

im_killing_the_bookstores_i_love

– Постара дама: Не можам да разберам зошто сите читаат ова “Педесет нијанси сива”.

– Книжар: Да разбирам дека не е ваш тип, нели?

– Дамата: О, не ме сфаќајте погрешно. Направив сè, немам потреба и да читам книга за тоа.

- Реклама -