Зоолошката градина во Чункинг, Кина, неодамна организираше роденденска забава за пандата која наполни 37 години, што е еквивалентно на повеќе од 100 човечки години.
Сингсинг е најстарата џиновска панда која што живее во заробеништво во светот.
Во исто време, таа е најстара во семејство од 137 панди, а нејзините потомци денес се наоѓаат во повеќе од 20 земји и региони низ целиот свет.
Претставниците на зоолошката градина велат дека пандата е во добра здравствена состојба и тежи 98 килограми. За неа се грижат двајца вработени кои редовно ја мерат и го следат нејзиното здравје.
Таа била донесена во зоолошката градина Чунгкинг кога имала една година, а исто така го посетила Калгари, Канада, пренесуваат кинеските медиуми.
World’s oldest captive giant panda turns 37 https://t.co/kLRMksqn4D pic.twitter.com/3hDjfaZSSW
— CGTN (@CGTNOfficial) August 24, 2019