Најстариот бисер на светот пронајден во Абу Даби и е стар осум илјади години

Надлежното министерство на Обединетите Арапски Емирати објави дека на претстојната изложба во Абу Даби ќе биде откриен осум илјади години стар бисер, за кој археолозите тврдат дека е најстар во светот.

Бисерот е пронајден за време на археолошките ископувања на островот Маравах.

– „По анализата со радиоактивен јаглен е утрврдено дека слоевите на бисерот настанале некаде помеѓу 5.800 и 5.600 година п.н.е“ – изјавил предсетателот на Оделението за култура и туризам во Абу Даби, Мyхaмeд ал-Мyбapaк.

– „Откривањето на најстариот светски бисер во Абу Даби е доказ дека економската и културната историја на регионот има длабоки корени што датираат од раниот неолит“ – додава тој.

Бисерот ќе биде прикажан за прв пат на изложбата „10 000 години луксуз“, која ќе се отвори на 30 октомври во „Лувр Абу Даби“.

Експертите од „Емирати“ веруваат дека со бисерите се тргувало со патниците од Месопотамија и антички Ирак, во замена за керамика и друга стока. Веројатно и тогаш бисерите се носеле како накит.

– „Венецијанскиот трговец со накит Гаспаро Балби, кој патувал низ овие делови, ги споменува островите крај брегот на Абу Даби како извор на бисери во 16 век“ – според извештајот на одделот за култура.

 

 

- Реклама -