Најстресни периоди за срцето

СрцеКога срцето се наоѓа под зголемен стрес, шансите за срцев удар прогресивно нараснуваат. Проверете кога треба особено да внимавате.

Кога срцето се наоѓа под зголемен стрес, шансите за срцев удар прогресивно нараснуваат. Проверете кога треба особено да внимавате.

СрцеВеднаш по будењето

Шансите за инфаркт растат околу 40% по будењето. Причината за ова е што тогаш телото започнува да лачи адреналин и некои други стрес-хормони, а крвта е погуста и срцето потешко ја испумпува (затоа што сте делумно дехидрирани).

Оставете си повеќе време за станување, така што ќе можете да го притиснете снуз копчето на алармот и ќе можете полека да се разбудите. Ако вежбате наутро, загревајте се подолго и побавно, за да не го оптоварите срцето.

Понеделник наутро

Погоре споменатата состојба е особено страшна во понеделник наутро. Постои причина што сите го мразат почетокот на работната недела. Според статистиката, во понеделник се случуваат 20% повеќе срцеви удари, отколку во кој било друг ден. Ова делумно се должи на депресијата и нервозата поради враќањето на работа.

Релаксирајте се во недела, но не спијте до доцна. Доколку се преспиете за време на викендот, а потоа се разбудите рано во понеделник, ќе добиете уште повисок крвен притисок и уште поголемо оптоварување на срцето. Обидете се да држите приближно исто време на станување секој ден.

По обилен оброк

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

Обилните, високомасни оброци ги запушуваат артериите. Секогаш кога ќе се прејадете, доаѓа до оптоварување на срцето.

Ако веќе уживате во некој оброк, барем обидете се да ги ограничите порциите.

При ненадејно и напорно вежбање

Ако по неколку месеци интензивно лежење се одлучите да истрчате 10 километри, можно е да се соочите со срцев удар. Добар пример за ова се и случаите кога по голем период физичка неактивност, од инфаркт пострадале луѓе што излегле да го исчистат снегот. Тоа се случува заради фактот што по долг „мрзлив“ период, одеднаш го подложуваат телото на голем напор, што го подигнува нивото на стрес до неверојатни граници.

Редовното вежбање го заштитува срцето. Но, многу е важно интензитетот на вежбите да го зголемувате постепено. Невозможно е да се подготвите за маратон во една недела.

При настани кои се поврзани со фобии

За луѓето, кои на пр. имаат страв од јавни настапи, излегувањето пред публика и говорење, може да ги даде истите ефекти како и ненадејно напорно вежбање. Притисокот и пулсот одат угоре, нивото на стрес расте, по што говорот веќе не е најголемиот проблем. Истото се случува и при влегување во авион во ситуација кога се плашите од летање итн.

За да го заштитите срцето во високостресните ситуации врз кои немате контрола, најдобро е да земете апче за смирување.

- Реклама -