Вкупно 33.908 позитивни случаи досега во земјата, 1.049 починати и 11.194 активни случаи во моментов е билансот по регистрираните нови 913 заразени и 24 починати (највисока бројка досега) во последните 24 часа во земјава.
Во однос на вкупниот број на пациенти – позитивни или сомнителни на Ковид-19, во болниците низ земјава, денеска се забележува и значителен дневен пораст во споредба со дневните порасти во последните неколку недели. Имено, додека вчера утрото во болниците имало 734 хоспитализирани, утрово нивниот број изнесувал 793.
Во последните 24 часа, на Инфективната клиника примени се 7, а вкупно хоспитализирани се 160 пациенти. Од нив, на кислородна поддршка се 130 пациенти.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 11 позитивни и 2 суспектни деца на Ковид-19 и 23 возрасни пациенти, позитивни на вирусот.
Во болницата „8 Септември“ има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се тројца.
Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 23 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 66, а во болницата во Штип 53 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Дебар, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 376 позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Што се однесува до активните случаи, од вкупниот број (11.194), 5.304 се во Скопје. И натаму предводи Аеродром – со 894, а уште четири општини имаат над 650 активни случаи. Состојбата изгледа вака:
• Чаир – 285
• Гази Баба – 679
• Аеродром -894
• Карпош – 774
• Центар – 714
• Кисела Вода – 676
• Ѓорче Петров – 433
• Бутел – 287
• Шуто Оризари – 62
• Студеничани – 22
• Сарај – 41
• Арачиново -13
• Илинден – 127
• Сопиште – 46
• Чучер Сандево – 30
• Петровец –41
• Зелениково -20
• Странец – 57
• Нераспределен- 103
На ниво на државата, дистрибуцијата изгледа вака:
• Скопје 14.735, активни 5.304
• Куманово 2.391, активни 473
• Дебар 347, активни 55
• Штип 1.746, активни 309
• Прилеп 1.520, активни 615
• Тетово 2.374, активни 653
• Струга 848, активни 115
• Велес 924, активни 505
• Битола 774, активни 324
• Охрид 773, активни 278
• Кавадарци 571, активни 248
• Гостивар 1.277, активни 251
• Гевгелија 419, активни 187 (21 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 69 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 1.038, активни 564
• Крива Паланка 255, активни 103
• Радовиш 254, активни 88
• Крушево 35, активни 13
• Кочани 758, активни 230
• Пробиштип 214, активни 71
• Демир Хисар 87, активни 20
• Македонски Брод 106, активни 9
• Пехчево 60, активни 8
• Берово 221, активни 53
• Валандово 112, активни 40
• Виница 194, активни 77
• Делчево 273, активни 118 (68 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 67, активни 37
• Свети Николе 503, активни 93
• Кичево 600, активни 188
• Ресен 256, активни 71
• Неготино 176, активни 94 (19 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Денеска Институт за јавно здравје го објави и извештајот за состојбата со коронавирусот минатата недела. Во периодот од 26 октомври до 1 ноември, како што покажува истиот, тестирани се вкупно 17.299 материјали со ПЦР метода, што е зголемување од 23.6% во однос на неделата претходно. Притоа, регистрирани сe 5.800 нови позитивни случаи, што е зголемување за дури 70.1% во споредба со неделата претходно.
Во наведениот период, процентот на позитивни лица од тестираните изнесувал 33.5%. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст 30-39 (22.1%).
Од случаите, епидемиолошки се истражени 839 или 14.5%.
Минатата недела пријавени се вкупно 88 смртни, што е зголемување од 4.8% споредено со неделата претходно. Од смртните случаи, епидемиолошки се истражени 81 или 92%. Целосниот извештај можете да го прочитате ТУКА.