Најубавата трка што некогаш постоеше

70TF-D003

Тоа беше вид на трка при која ако некој од автомобилите се расипеше, возачот беше поканет од локалните на шпагети. Патеката, украсена со отпаднати шајки од потковици, се извиваше низ малите извртени улички на живописните сицилијански планински гратчиња, каде селаните гледаа Ферари-ја што летаа со над 160 км/ч, страшно блиску до праговите на портите на куќите и дуќаните. Трката носеше имe Targa Florio и беше олицетворение на италијанското La Dolce Vita („слаткиот живот“), а на Сицилија ѝ носеше интернационална слава цели седум децении. За жал, токму опасната убавина на Targa Florio и ќе доведе до нејзиниот крај.

targoflorio19 targaflorio14

targaflorio34 targaflorio29

targoflorio25

targoflorio20 targoflorio22

И да не гледаш Гран При трки, и да не знаеш ништо за спортските автомобилски рели натпревари, старите фотографии од Targa Florio просто воодушевуваат. Легендарната трка ја носеше титулата на најстара во светот, и така беше сé до моментот кога беше запрена од полицијата, во 1977-мата, и тоа среде трка. Никогаш повторно не се одржа.

targaflorio5-1

Беше основана во 1906 година, и беше една од најважните и најпопуларните трки во Европа. Гран При натпреварите што ја наследија тогаш беа само изолирани настани – а не серии и првенства како денешната Формула 1, на пример.

targaflorio26 targoflorio17

21-годишниот Енцо Ферари ја возеше неговата прва трка токму на патеката Targa, во 1919 година. Во 1924-тата, пак, Мерцедес одбра еден од нивните најмлади инженери да се натпреварува на Targa, и тоа во автомобил што сам го имаше дизајнирано. Возачот, што воедно и победи на трката таа година, беше никој друг туку самиот Фердинанд Порше.

targaflorio3

Targa Florio беше најтешката трка во светот и различна од сите други возачки искуства. Оригиналната Grande рута беше долга 148 километри и вклучуваше 2000 свиоци, од кои повеќето среде старите, па и во фаза на распаѓање, сицилиски села.

targaflorio4

На возачите им требаа барем 60 круга за да ја научат патеката, а деновите за вежбање се одвиваа заедно со вообичаениот сообраќај, каде локалните автомобили си бркаа секојдневни работи, покрај патот и на патот пасеше стока, а деца играа на улиците во селата.

targaflorio11 targoflorio21

targoflorio23

На главниот настан немаше огради што ги штитеа гледачите, освен неколку стога сено, поставени тек-тук.

a2cac4e7ad49bbc564c39bba3230982f[1]

Но опасноста не ги спречуваше локалните просто да ја обожаваат трката и возбудата што истата ја носеше на нивниот инаку мирен остров.

targaflorio6 targaflorio35

targaflorio27 targaflorio28-1

Тркачките денови беа небаре национален празник, а секоја година мештаните ќе се собереа на улиците, ќе поставеа мебел на тротоарите (а некогаш и на самиот пат) и играа карти и пиеја Мартини додека чекаа да ги поздрават возачите додека прелетуваат крај нив.

targaflorio13 targaflorio30

targaflorio9[1]

Миленик им беше Нино Вакарела, роден Сицилијанец од Палермо. Тој го возеше најмоќниот автомобил што некогаш учествуваше во трката – Ферари. Во 1962-та, тој беше на пат да победи на трката. Додека поминуваше крај фановите, тој забави за да им отпоздрави со мафтање. Се заби во ѕид. И ден денес ќе сретнете купишта графити со неговото име испишани долж целата некогашна рута на Targa Florio.

targoflorio24 targaflorio36

Трката редовно уништуваше спортски автомобили кои денес чинат цело богатство и ги имаат само најбогатите колекционери. Експертите од автомобилската индустрија ја нарекуваа „тотално луда, нездрава“, така што многумина ќе се сложат дека е вистинско чудо што има „само“ 9 фатални несреќи во нејзината 71-годишна историја. Особено лоша беше 1973-тата, кога имаше два смртни случаја и уште неколку опасно блиски ситуации, што во меѓународната тркачка заедница предизвика пад на благонаклонетоста и популарноста на трката. Интернационалното управно тело задолжено за тркачките спортови почна да бара сите официјални трки да имаат задолжителни безбедносни огради и ѕидови, но за Targa Florio и нејзините тесни сицилијански улички тоа беше невозможно да се изведе.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Кога во 1977-мата еден од возачите удри во публиката со повеќе од 160 километри на час, со што уби двајца, а самиот тој заврши во кома, тоа беше последниот клин во ковчегот на Targa. Полицијата насила ја сопре трката уште во 4-тиот круг, и веќе никогаш не се случи спортски автомобил да ја помине целната линија.

targaflorio10

613009998-1_0[1]

Денес најстарата и најгламурозната трка на 20-от век уште живее во регионот околу Палермо, но во форма на посветени музеи распоредени низ селата во областа, некои поставени и во самите гаражи што некогаш беа користени од тркачите.

targamuzej

targaflorio8

targaflorio7

Историската стартна линија, за жал, е тотално напуштена и оставена да се распаѓа. Таму каде што огромните толпи се собираа на трибините и тензиите пред трката растеа со нивното навивање и грмењето на моторите, сега владее комплетна тишина.

targaflorio40[1]

ПС. Краткиот филм на Вес Андерсон – Castello Cavalcanti (2013), е инспириран токму од Targa Florio, единствената трка во светот во која ако ја удриш колата, ќе те почастат со тестенини и пијачка.

- Реклама -