Најубавиот затвор во светот

Тоа е затворот Хајден во Норвешка – земја каде што затворот е повеќе место за рехабилитација, отколку за казна. Резултатот е општество со многу помалку повторни прекршители, многу помалку затвореници и многу помалку криминал воопшто.

Тука има повеќе општи сали за меѓусебна комуникација. Групата ќелии од околу 10-12 ги дели една таква соба и кујна.

Затворот во кој би сакале да живеете

Затворениците се учат да готват од мајстори готвачи.

Затворот во кој би сакале да живеете

Имаат пристап и до книги и весници, кои што можат да ги читаат на удобните фотелји во библиотеката.

Затворот во кој би сакале да живеете

Во затворот има продавница за да се учат затворениците на вредноста на парите и како да пазаруваат. Така се подготвуваат за животот надвор.

Затворот во кој би сакале да живеете

Надвор има прекрасна  градина која што го разубавува  7-метарскиот ѕид околу затворот.

Затворот во кој би сакале да живеете

Чуварите поминуваат 2-годишна обука на Академија,  каде  учат како да ги мотивираат затворениците и како да се хранат и вежбаат заедно со нив. Половина од чуварите се жени.

Затворот во кој би сакале да живеете

Затворениците добиваат најдобра медицинска нега во затвор.

Затворот во кој би сакале да живеете

Кујната е чиста и светла. Таму затворениците не само што се  хранат, туку  и учествуваат во подготовката на храна.

Затворот во кој би сакале да живеете

Затворот дури има студио и  наставници по музика.

Затворот во кој би сакале да живеете

Затворениците можат да играат кошарка, да се искачуваат по ѕидови или да играат фудбал надвор.

 Затворот во кој би сакале да живеете

- Реклама -