Најнефер нешто во животот е што завршува. Мислам, животот е тежок. Ти одзема многу време. И што добиваш на крајот? Смрт.
Што е тоа? Демек бонус? Јас мислам дека животниот циклус треба да се одвива наназад. Да умреш треба да е прво; да го тргнеш од глава. Потоа да живееш во старски дом. Од домот те бркаат кога ќе станеш премлад за во дом. Ти даваат златен часовник, па почнуваш да одиш на работа.
Работиш едно четириесе години, сé додека не станеш доволно млад за да уживаш во својата пензија. И после пиеш алкохол, се забавуваш. Се спремаш за средно. Одиш во основно, стануваш дете, играш, немаш обврски, стануваш мало бебе, се враќаш назад во матката. Ги поминуваш последните 9 месеци лебдејќи… и завршуваш како оргазам.
Џорџ Карлин, нормално