Живеењето во пештера има многу предности: повеќето пештери се цврсти, издржливи, имаат добра изолација, енергетска ефикасност и се многу кул.
Cottage Cave
Rock Cottage е составена од три пештери и била изградена во 1770-те. Пештерата има врати, прозорци и нормален домашен мебел но нема електрицитет и вода. Карпестиот дом е сместен во гребен кој се наоѓа во 2 хектари шума и градини во Волверли, Ворчестершајр, Англија.
Modern Sandstone Cave Home
Едно семејство одбрало да го изгради својот дом во пештера од речиси 1400 метри квадратни во Фестус, Мизури, САД. Локацијата претходно била користена за концерти на Тина Тарнер и Тед Нуџент. Голите камени ѕидови, геотермалното греење и неколку елементи кои придонесуваат за енергетската ефикасност значат дека домот е доста пријатен кон животната средина.
Sustainable Hobbit Cave Home
Диетикон, Швајцарија е домот на овој комплекс од девет пештери создаден од Питер Веч кој ги прекрил домовите само со земја. Некои од покривите имаат градини а другите го зачувуваат природниот изглед, во зависност од теренот.
Greek Island Cave Home
Пештерската Куќа Санторини во Грција – именувана по островот на кој се наоѓа – има античко потекло но била зачувана со современи додатоци кои ја рафинираат нејзината природна елеганција. Локалните занаетчии го зачувале традиционалниот стил на Санторини но користеле еколошки материјали во целиот дом.
Cozy Cave Lodge
Скриената Beckham Creek Cave Lodge се наоѓа на имот од 113 хектари. Зачувувањето на убавината на природниот пејсаж била прва мотивација на сопствениците.
Red Rock Cave Home
Некој ужива во Јута каде што Cave Palace Ranch е сместен на 40 хектари сместен во прекрасна пештера од црвени карпи. Четирите помали пештери содржат спална со балкон, дневен престој и две гостински спални. Соларни панели се искористени за добивање на електрицитет а подземен бунар носи свежа вода. Фасадата преполна со прозорци ја полни внатрешноста со природна светлина.
Teletubby Cave Home
Малатор во Друидстоун, Велс, го има прекарот “Teletubby house” поради очигледни причини но домот изгледа доста интересно. Огромната соба под површината е преполна со живи бои и модерен мебел – за разлика од речиси невидливиот стаклен екстериер.