Најубавите фонтани низ светот

Фонтаните се вистинска атракција во многу градови низ светот. За да ви докажеме колку може да бидат импресивни, ви претставуваме 6 фонтани кои сигурно ќе ве воодушеват.

1.  Фонтаната Треви (Fontana di Trevi), Рим

Fontana_di_Trevi

Фонтаната Треви е висока 26,3 метри, а широка 49.15. Претставува барокна фонтана, најголема во Рим и една од најубавите во светот. Завршена е во 1762 година од страна на Џузепе Панини, а обновена е во 1998 година. Во 2002 година фонтаната беше уште еднаш реновирана.

Trevi_Fountain_Rome_Italy_ (1)

 

2. Фонтаната Дубаи, Дубаи

dubai-fountain-3[6]

Ова е најголемата фонтана со кореографија во светот. Се наоѓа во езерото Бурж Калифа во центарот на Дубаи, а е дело на WET Design. Има 6 600 светла и 25 проектори во боја. Долга е 275 метри, а исфрла вода во висина од 500 метри. Нејзината изградба чинела 218 милиони долари.

4

 

3. Магичната фонтана, Барселона

Magic-Fountain-Of-Montjuic-2

Лоцирана е во Montjuic, населба во Барселона. Светлечко шоу пропратено со музика има од октомври до април, но само во петоците и саботите, а од мај до септември само во неделите.

K

 

4. Фонтана на богатството, Сингапур

Fountain-of-Wealth-e1357660142336

Во 1998 година Фонтаната на богатството влезе во Гинисовата книга на рекорди како најголема фонтана во светот. Се наоѓа во Сунтек Сити, еден од најголемите трговски центри во Сингапур. Изградена е во 1995 година и претставува симбол на богатството и животот. Направена е од бронза и има кружна структура.

Fountain-of-Wealth-Suntec-City-Singapore

 

5. Фонтаната Jet d’Eau, Женева

IF

The Jet d’Eau Fountain се наоѓа во Женева и едно од најпознатите обележја на градот. Исфрла 500 литри вода во секунда во висина од 140 метри. Водата постигнува брзина од 200 километри на час.

N27974_JetEau_Geneve

 

6. Фонтаната Бакингам, Чикаго

O

Лоцирана е во центарот на Грант Парк во Чикаго. Претставува една од најголемите фонтани во светот во рококо стил и потсетува на свадбарска торта. Изградена е во 1927 година.

cikago2

 

 

- Реклама -