Најубавите реки во светот

Пред вас се десет од најубавите речни пејзажи во различни земји.Да уживаме во ова чудо на природата заедно!

Уникатно природно богатство на Колумбија, е реката Кано Кристалес . Таа „цвета“ во пет бои: жолта, сина, зелена, розова и црвена.

Амазон  се протега меѓу еден од најживописните речни сливови на планетата.

Најголемата река во САД Мисури е главен извор на вода за целата земја. Во државата Северна Дакота во реката Мисури се влева  познатата река срце (Heart River), и не е тешко да се погоди, реката со романтично име го формира најубавиот  „природен  Валентајн” во светот.

Реката Футалеуфу, која тече низ Аргентина и Чиле, привлекува рафтинг ентузијасти од целиот свет во тиркизните води.

Лена – најголемата река во целиот североисточен регион на Сибир има  природна и неверојатно убава геолошка формација.

Замбези со водопадот Викторија, благодарение на политиката за заштита на животната средина на Зимбабве, останува едно „катче“  во кое што  дивината се открива во сета своја величественост. Околу два милиони луѓе годишно ја посетуваат реката, за да уживаат во прекрасната панорамска глетка на водните акробации.

Реката Нил, нарекувана кралица на реките, е најдолгата река на нашата планета. Таа извира во северниот дел на Африка и поминува илјадници километри до Средоземното Море, каде што се влева.

Од почеток до крај најживописниот Дунав тече низ териториите или на границата на 10 држави. Реката е инспирација за многу уметници од европската култура.

Хорсшу бенд (Horseshoe Bend) во Аризона е светски природна знаменитост, формирана од карпите и водите на реката Колорадо.

Убавата реката Јангце во Кина физички и културно ги  дели Северот и Југот на поднебесните.

- Реклама -