Денес стана навика да се фотографираат дури и обичните моменти, да се прават селфи фотографии без значење или да се фотографираат предмети чие знаечење е дискутабилно. Навиката да се овековечат важните моменти во животот останува на изнајмување професионален фотограф, додека старата навика на развивање филм, односно од поново време, принтање на фотографии се чини дека изумре. Но, постојат извесни моменти во животот кои навистина би сакале да Ви бидат пред очи и да Ве потсетат дека животот е убав. Дека љубовта го празнува животот. Погледнете дел од нив.