Деспасито дефинитивно ја носи титулата најгледано YouTube видео во 2017-та, ама не направи најголем бум.
Кога зборуваме за „највирално“, зборуваме за „engagement“, т.е. за комбинација од неколку статистики, како прегледи, споделувања, коментари, лајкови и сл. Или со еден збор – интеракција.
Годинава, според алгоритамот на YouTube, честа „највирално видео“ му припаѓа на клипот од The Masked Singer – тајландско музичко шоу слично на X-factor и… Ѕвезде Гранда…
Разликата во оваа музичка аудиција е што наместо судиите во жирито да бидат свртени со грб, овде натпреварувачите носат апсурдни маски и костими за да го сокријат идентитетот.
Во конкретниот клип избран за највирален (при што не се земаат во конкуренција музичките видеа), натпреварувачот е маскиран во бисерна школка… и пее… џабе ќе објаснуваме, ќе мора да видите.
За крај, мала статистика. Топ 10-те видеа на „trending“ листата на YouTube заедно имаат 633 милиони прегледи. Од нив, „Oyster Mask“ има 196 милиони.