Највисоката телекомуникациска кула во светот е Skytree во Токио висока 634 метри. Кулата била отворена за јавноста вчера и стотици луѓе ја посетиле кулата и нејзиниот трговски центар.
Според локалните медиуми 200.000 посетители биле очекувани во првиот ден. Кулата е опремена со лифтови кои ги носат посетителите до платформата која се наоѓа на 450 метри над градот. Преку ноќ кулата е осветлена со LED светилки за спомен на жртвите од земјотресот и цунамито од 11 март 2011 година како и жртвите од бомбардирањето на Токио за време на Втората Светска Војна.