Најзагадочните артефакти

intro_an.jpg Библијата не учи дека Господ ги создал Адам и Ева пред неколку илјади години. Науката не убедува дека тоа е измислица и дека светот е настанат пред неколку милиони години, а додека цивилизациите се стари само неколку илјади години.

Библијата не учи дека Господ ги создал Адам и Ева пред неколку илјади години. Науката не убедува дека тоа е измислица и дека светот е настанат пред неколку милиони години, а додека цивилизациите се стари само неколку илјади години.

Можно ли е и двете теории да се грешни? Од многуте пронајдоци кои што се собрани последниве години можеби би требало да очекуваме и трета теорија. А и зошто да не?

Засечените сфери

grooved.jpg

Изминативе неколку децении рударите од Јужна Африка ископуваат мистериозни метални сфери со диаметар од 2 до 3cm на кои што се наоѓаат три паралелни засекотини околу нивната површина. До сега се пронајдени два вида на сфери: едниот вид е обвиткан со мали бели дамки, а другиот вдлабнат и исполнет со сунгереста бела материја. Најчудното е тоа што карпата каде што се пронајдени е стара 2.8 билиони години. Кој ги направил и со која намена, сеуште е непознато.

Багдад батеријата
 
the_baghdad_battery.jpg
 
 Во денешно време батерии можат да се пронајдат и купат буквално секаде од аптеки па до тезги на пазар. Но она што, обично, никој од нас не се запрашува е нивното потекло и исторја.
За нив уште на почеток ќе им кажеме дека постои  батерија стара 2000 години! Уредот се состои од вазна висока околу 15cm во која што има бакарен цилиндар прикачен на асфалт, а во цилиндарот оксидиран железен цилиндар. експертите кои што ја разгледале оваа античка батерија тврдат дека потребно е само да се исполни со киселина или алкална течност и да проработи. Се верува дека овие батерии се користеле за обработка на златни предмети.
Прашањето сеуште останува… Како е можно ваква технологија да изумри и повторно да се роди после 1800 години?
Прочитајте и:  Фон дер Лајен спасила патник на лет за Брисел
 
Антички модели на авиони
 
saqquara.jpg
ancient_model_aircraft.jpg
 
 Вакви модели на авиони се пронајдени на различни места во светот. Највпечатливи се оние пронајдени во гробниците во Египет и оние во Централна Америка. Египетските модели се дрвени, на кои што јасно се гледаат основните делови на авионот. Експертите тврдат дека објектот е аеродинамички и е возможно да се лета. Малиот златен предмет пронајден во Централана Америка датира од пред околу 1000 години и е толку прецизно изработен што лични на вселенско летало.
 
 Џиновските камени топки во Коста Рика
 
giant_stone_balls.jpg
 
 Пронајдени се во 30-тите години од минатиот век од некој локален работник кој чистејќи ја областа за да направи плантажа со банани. Тоа биле десеттина камени топки со различни големини. Најмалата имала големина на тениско топче, а додека најголемата била над 2 метри и тежела 16 тони. Сигурно е тоа дека овие се правени од човекот, но загатката е како успеале да направат толку совршени сферни облици?
 
Невозможни фосили
 
fossilized_human_finger.jpg
meister_footprint.jpg
 
 За фосилите, колку што се сеќаваме од основно одделение, ни кажувале дека се карпести односно скаменети форми на жив свет кои што се формирале пред илијадници години. Но сите тие школски дефиниции пропаѓаат во вода кога се јавуваат некои нови пронајдоци, како на пример човечкиот прст пронајден во северна Канада за кој се смета дека потекнува од пред 110 милиони години.

А исто така загадочен и е пронајдокот на човечка стапалка за која се смета дека е направена од сандала, а потекнува од пред 300 до 600 милиони години!  

- Реклама -