Екс-министерот за внатрешни работи, кој беше дел од техничката влада пред парламентарните избори во јули – Наќе Чулев, е позитивен на Ковид-19. Во објавата на својот Фејсбук профил, Чулев информира дека во текот на изминатите денови направил тест, а денес добиените резултатите покажале дека е заразен со вирусот.
„За жал и покрај сериозната претпазливост не успеав до крај да се одбранам од вирусот кој многу често знае да биде непредвидлив и чуден“, напиша Чулев.
Тој вели дека се чувствува добро и нема посериозни услови, па затоа се лекува во домашни услови.
„Апелирам до сите вас да водите грижа за своето здравје и да се придржувате до препораките за заштита на здравјето. Уверен сум дека и овој предизвик ќе го победиме со внимание, грижа и позитивна мисла. Чувајте се и бидете во добро здравје!“, порача тој.