Налепниците со ознаката НМК кои ќе треба да се залепат на регистарските таблици ќе бидат бесплатни за граѓаните, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.
Како што се наведува во соопштението, донесена е одлука налепниците со ознаката НМК кои ќе треба да се залепат на регистарските таблици да бидат бесплатни за граѓаните, односно да бидат на товар на МВР.
Обврската за користење на ознаката „НМК“ на регистарските таблички е од Преспанскиот договор.