Наместо блам доби слава и вработување (Видео)

Ели Кол (35)достигна неочекувана популарност, кога во април се појави видео на Јутуб, на кое таа ја слуша песната „Knock down”  и игра самата додека чека автобус .

Нејзиниот танц го овековечила Џин Роланд, снимајќи ја со мобилен телефон, од соседното кафуле.
На Ели сега и е понудена улога во британски театар. Сценаристката на претставата Лин Парис случајно налетала на видеото и се воодушевила, повикувајќи ја да заигра во нејзината претстава „АH Men“, во британскиот театар „Point“.

„И понатаму не верувам дека се прославив со обично видео на интернет. Па, јас само сакам да танцувам кога ми е здодевно“, скромно вели Ели.

Потсетете се на нејзиниот талент.

[youtube]http://youtu.be/SiJi1uc5rmY[/youtube]

- Реклама -