Пустината Намиб, што во превод значи „пространо место“, е навистина уникатна. Нема друга што излегува директно на море. Се наоѓа во југозападна Африка и зафаќа површина од околу 50.000 квадратни километри, протегајќи се дури 1.600 километри по должината на Атланскиот океан, на брегот на Ангола, Намибија и Јужна Африка.
Намиб воедно се смета и за најстарата пустина во светот, која ваквите сушни и полу-сушни услови ги имала најмалку 80 милиони години.
Нејзината неплодност резултира со сув и остар воздух, кој го разладува студената струја Бенгела кој тече долж брегот. Како приморска пустина, Намиб е дом на голем број необични ендемски видови на растенија и животни, кои буквално живеат од магла, како единствен извор на вода.
Поради сето ова погоре, Намиб е вклучена и на листата на светско наследство на УНЕСКО.
А вака изгледа од уште подалеку:
И од уште подалеку: