Сте сакале ли да поседувате историска гостилница во Нова Англија?
Доколку е така можете да напишете есеј на темата „Зошто јас би бил/а фантастичен сопственик на гостилницата“, и оваа 210-годишна куќа може да стане ваша.
Center Lovell Inn се наоѓа во близина на езерото, декорирана е најубаво и е буквално преполна со антиквитети.
Таа е сместена во Вајт Маунтанс и таков имот обично чини најмалку милион долари, но сегашниот сопственик на гостилницата ќе ја размени со човекот кој ќе напише најубав есеј и скромна такса од 125 долари. Зошто? Бидејќи тоа е начинот на кој што актуелната сопственичка ја има стекнато пред многу години.
Џенис Сеиџи била избрана од претходните сопственици на гостилницата, Бил и Сузи откако напишала есеј и платила 100 долари влезна такса. Сега Џенис одлучи да се повлече и да пронајде најсоодветен кандидат кој ќе го зачува угледот на гостилницата и ресторанот.
Повеќе за натпреварот, дознајте ТУКА.