Направа која ќе го намали стравот од стоматолози

стоматологИстражувачи од Брунел Универзитетот во Британија велат дека создале направа која може да им помогне на оние кои имаат страв од посета на стоматолог. Направата треба да ја намали вознемиреноста кај пациентите преку поништување на звукот на бургијата.

Според експертите, овој звук е главниот виновник за вознемиреноста кај многу пациенти. Научниците велат дека звукот може едноставно да се поништи користејќи направа која се вклучува во MP3 плеер. Направата користи микрофон и адаптивно филтрирање за да го поништи брмчењето, без да наштети на способноста на пациентот да ги слуша упатствата од докторот.

Постои надеж дека употребата на оваа направа ќе охрабри повеќе луѓе да посетуваат стоматолози, бидејќи изговорот кој повеќето луѓе го даваат за запоставување на грижата за забите е брмчењето на бургијата. Тимот кој стои зад оваа направа во моментов бара инвестор кој ќе им помогне да го реализираат нивниот план.

Прочитајте и:  Колку јајца можете да јадете на ден ако имате висок холестерол?

Доктор Марк Атертон вели: „Направата е многу едноставна и користи технологија која едноставно може да се примени во вистински производ. Предизвикот беше да се конфигурира системот за тој да го поништи непожелниот високофреквентен звук и да се приспособува на промената на фреквенцијата предизвикана од отпорот. Градејќи врз она што го имаме постигнато со адаптивно филтрирање во електронскиот домен, развиваме ,анти-звук’ во акустичниот домен, што ќе придонесе кон подобри перформанси.“ [New device set to combat fear of the dentist’s drill]

- Реклама -