Направа за пренос на бакнежи преку интернет (видео)

технологијаНаправата изгледа како обична кутија поврзана со компјутер која има цевка која ротира. Но при подетална анализа откривате дека не е толку едноставно. Студенти од Каџимото Лабораторија од Универзитетот за Електро-Комуникации во Јапонија создале мала машина која користи мотори со цел да симулира бакнеж преку интернет.

Направата реагира на движењата на јазикот. На едниот крај корисникот ја ротира цевката во една насока по што цевката на другиот крај ротира во иста насока. Машината создава чувство на вистински бакнеж.

За креаторите направата има огромен потенцијал: „Елементите на бакнежот ги опфаќаат сетилото за вкус, дишењето и влажноста на јазикот. Ако можеме да ги реплицираме сите, тогаш ќе создадеме моќна направа.“

Прочитајте и:  Истражување: Јапонците најмалку уживаат во љубовниот живот

{youtube}PspagsTFvlg{/youtube}

Една од идеите кои ги имаат авторите на направата е „снимање“ на бакнежи на познати личности: „На пример, ако некој популарен забавувач ја користи направата и го сними бакнежот, тоа би можело да биде многу популарна понуда за фановите.“ [Japanese invent a box that can simulate a kiss over the Internet]

- Реклама -