Болките во зглобовите знаат да бидат многу непријатни и мачни, затоа ви предлагаме да пробате еден природен рецепт против реума кој ја зголемува циркулацијата на крвта и ги ублажува болките…
Маслото се подготвува од лути црвени пиперки и одлично помага при радикулитис, миозитис, неуралгија, реума и болки во зглобовите.
Маслото од лути пиперки и припаѓа на групата иритирачи и загревачки масла. Делува надразливо: ги шири капиларите, ја зголемува циркулацијата во крвта во горните делови на кожата, го зголемува витаминскиот метаболизам и делува на активирање на регенеративните процеси на епидермисот на кожата.
Состојки:
– 10 свежи црвени лути пиперки
– 2 чаши ладно-цедено маслиново масло
– стаклена тегла од 1 литар
Подготовка:
Пиперките измијте ги, исечете ги дршките и сомелете го во машина за мелење месо. Ќе добиете околу една чаша иситнета смеса. Ставете ја во чиста стаклена тегла и полиете ја со маслото. Оставете ја на темно место. После 7 дена исцедете ја смесата низ газа или пластична цедалка.
Смесата од пиперки можете да ја оставите во фрижидер и да ја користите како додаток во јадењата, а црвенкастото масло ќе ви користи за споменатите проблеми.
Како да го користите:
За почеток втријте го маслото неколку пати во текот на денот, кога имате болки во зглобовите или другите делови од телото. Откако ќе го втриете, облечете топли чорапи или хулахопки, доколку се во прашање нозете. Затоплувајте ги и другите делови од телото, во зависност од локацијата на болката – рацете, вратот, грбот. По нанесување на маслото, ќе почувствувате печење на кожата, но тоа ќе биде подносливо, дури и пријатно, бидејќи маслото длабоко ќе ја загрева кожата, без да создава изгореници.
Со тек на време можете да го менувате интензитетот на нанесување на маслото. По еден месец или два, процедурата можете да ја правите еднаш неделно, ако повторно ви се појават болки. Маслото чувајте го на темно место.