Темните лакови и отоците под очните капаци го прават лицето да изгледа доста постаро и уморно. Многу фактори влијаат на оваа појава, а решенија во козметиката скоро и да не постојат.
Сепак, тука е природата напомош. За природен третман за ефикасно отстранување на подочниците доволни ви се само две состојки, кои можеби и сега ги имате дома.
Потребно ви е малку кафе и кокосово масло. Ако немате кокосово, можете да употребите и маслиново.
Значи, малку кафе помешајте со маслото, така што смесата да биде хомогена. Нанесете ја на пределот околу очите и масирајте со прстите од работ на окото кон врвот на носот. Оставете маската така да отстои околу 15-тина минути, а потоа измијте го лицето со топла вода.
Методот може да се користи и на целото лице.