Се ближи пролетта и време е да ја обновиме лесната гардероба. Ако сакате за малку пари да имате модерна, маица со линии, за тоа нема да ви бидат потребни ни многу умешност, ниту пак, многу талент.Туторијал од блогот “Yellow Bird+Yellow Beard” покажува како обичната маица да се претвори во интересно дневно парче, кое совршено одговара на фармерки, шорцеви, но и здолништа. Еве што е она што ви е потребно:
– Обична бела памучна маица
– Спреј во било која боја ( во овој случај, неонско жолта)
– Самолеплива лента ( ширина околу 2.5 cm)
– Поголемо парче картон
Маицата „облечете ја“ на картонската кутија. Така ќе се осигурате дека бојата нема да се пробие на другата страна, но ќе ви го олесни и лепењето на лентата.
Со помош на самолеплива лента, долните 3/4 од маицата поделете ги на линии. Меѓу секоја лента оставете 2.5 цм растојание.
Со кратки движења испрскајте се што е залепено со лентата. Спрејот држете го околу 30 cm оддалечен од маицата, за линиите да бидат со изедначена боја.
Почекајте околу 30 минути да се исуши бојата, а потоа полека отстранете ја самолепливата лента. На местата каде што била лентата ќе има боја, и ќе добиете убав дезен со линии.
Сега можете да уживате во најновиот креативен додаток во вашата гардероба. За која боја и да се одлучите ќе биде одлично, но имајте во предвид дека неонските бои се повторно во мода, па оваа маица сигурно ќе биде забележана.