Направете си новогодишна филмска со нетрадиционални класици

“Во Бриж”

briz

Надреален филмски скапоцен камен од срцето на Европа. Провокативниот режисер и драматург Мартин Макдона се инспирира од средновековната и ренесансна архитектонска убавина на белгискиот град Бриж и решава да направи токму таму исклучително кул црна комедија во Божиќен контекст со учество на Колин Фарел и Брендан Глисон.

Филмот нуди изобилство од квалитетен дијалог и раскошно компонирани кадри, а градот Бриж, кој наликува на огромен отворен музеј, обезбедува совршен архитектонски контекст. “Во Бриж” е бегство од баналната празнична кино потрошувачка и одговара совршено за во друштво на пријатели со добра смисла за хумор и по некоја пијачка.

Прочитајте и:  Омилениот нискобуџетен филм на Тарантино
- Реклама -