Направи сам: Решете ги проблемите со слабиот Wi-Fi сигнал само со помош на лименка

Како што добро знаете, слабиот безжичен сигнал низ домот може да биде уште поиритантен од тоа воопшто да немате Интернет. Ако и вашиот случај е таков, редно е да „му помогнете“ на вашиот рутер, и тоа на начин кој не сте го очекувале.

За разлика од останатите понудени хакови на Интернет, овој е многу поедноставен, и најважно, работи! Нема потреба да си играте со жици, ластичиња, фолија, картон и сл. Се што ви треба е скалпел, празна лименка и силиконски адхезив или лепак. Коментарите сведочат дека методот навистина работи, а во просек, сигналот го подобрува за 2 цртки. Така, ако обично имате прием од 2 цртки, сега јачината на сигналот ќе се движи од 3 до 5 цртки.

Use-a-beer-can-to-strengthen-Wi-Fi-signal-from-your-router-and-make-it-better[1]

Пробајте го. Се што може да „изгубите“ е празна лименка.

- Реклама -