Направи сам: Вистински авион?!

Американска компанија продава авион кој клиентите го составуваат сами. Ако сте љубител на проектите „DIY“ (во превод: Направи сам) , можете да ја разгледате изградбата на приватен авион.

Колку и да звучи откачено, сепак компанијата Sonex, со  седиште во државата Висконсин ќе  продава авиони, со едно место, кои сепак клиентите треба да ги составуваат сами. Авионот може да лета со брзина  од над 320 км / и да пренесува до 400 кг. товар.

Растојанието помеѓу крајните точки на крилјата му се во растојание од 5,5 метри, што е доста помалку во споредба со обичен патнички авион, каде  растојанието е речиси 60 метри.  Многу од главните делови на авионот се наоѓаат напред, но моторот, како и системот за гориво  не се поставени.

Прочитајте и:  Руски авион се запали при слетување во Анталија – сите патници евакуирани (ВИДЕО)

lp2

Моделот SubSonex JSX-2 треба да пристигне на пазарот до средината на 2014 година, а се очекува цената да биде висока. Засега се уште не е соопштена конечна цена, но првите 10 лица кои  ќе платат депозит ќе добијат специјална понуда од 125 000 долари.

Овој авион најверојатно ќе припаѓа во експерименталната категорија на авијациските власти на САД, за која има воведено строги ограничувања за тоа каде и во кое време може да се лета.

- Реклама -