Нара – градот во кој што живеат елени

Секој, кој што патувал до Индија,среќавал крави по улиците, кои што понекогаш сериозно го отежнуваат движењето. Проблемот на јапонскиот град Нара,  повторно е поврзан со животни, но од друг вид. Ова е еден убав град, полн со храмови, светилишта и антички урнатини. Во него се наоѓа и една од најголемите дрвени згради во светот, како и една од најголемите познати статуи на Буда. Меѓу 710-784 година Нара дури служи како главен град на Јапонија. Денес овој град има 370 000 жители и 1.200 елени кои се шетаат по улиците во близок контакт со луѓето.

Според локалниот фолклор, Богот Takemikazuchi пристигнал во старата престолнина, јавајќи бел елен и станувајќи негов бранител. Како резултат од оваа легенда за последните 1300 години елените на Нара се сметаат за свети и божествени животни.

Во градот убиството на еден од нив е престап што се казнува со смрт. По Втората светска војна елените официјално се лишени од нивниот божествен статус, но наместо тоа се дефинирани за национално богатство и заштитен вид.

Елените се концентрирани најмногу во паркот на градот каде се нивните главни живеалишта. Некои од нив сепак се шетаат по улиците, влегуваат во рестораните и дури во јавните тоалети.  Вековите на позитивен однос кон овие животни ги претвори во бестрашни. Низ градот се поставени специјални вендинг машини, од кои посетителите можат да купат храна за животните.

Прочитајте и:  Храброст, надеж и љубов: Мајка од Скопје на 61 година го роди своето прво дете

Ако некој елен ви ја гризне  облеката  или се обиде да „влезе“ со муцка во чантата, не смеете да го бркате. Ова ќе го навлече гневот на локалните. Затоа е подобро да бидете опремени  со бисквити и откако ќе го нахраните животното, тоа ќе се поклони во знак на благодарност.

Во последно време жителите на градот и управата  признаваат дека стадото елени порасна премногу и има негативно влијание врз земјоделското производство, растенијата во паркот Нара, како и врз туристите. Се уште не се преземени дејствија популацијата на елените да биде намалена, а нивните размножување – ограничено, но и не треба. Бидејќи вака како што е градот е фантатичен, па и доколку бројкатана елени, ја надмине онаа на луѓето – нека остане така.

- Реклама -