Наредната генерација на поевтин Google Pixel поставува тренд

Наредната генерација на поевтин Google Pixel поставува тренд

Неофицијални фотографии и информации објавени од Android Headlines ја претставуваат следната генерација на поевтиниот Google Pixel телефон, кој традиционално Google го лансира на пазарот во пролетните месеци.Доколку овие податоци се покажат како точни, новиот модел може да донесе тренд кој подоцна ќе се пренесе и на поскапите уреди во индустријата.

Според истекувањата, Google Pixel 9a ќе задржи сличен дизајн како претходните модели, но со потенцијални подобрувања во перформансите, батеријата и камерата. Очекувањата се дека уредот ќе биде опремен со Tensor G3 процесор, кој веќе се користи во Google Pixel 8 серијата, овозможувајќи подобрена обработка на слики и зголемена енергетска ефикасност.

Интересно е што Google очигледно прави промени во стратегијата на своите „A“ модели, приближувајќи ги сè повеќе до премиум сериите. Тоа може да значи зголемена цена во споредба со претходните генерации,но и подобри карактеристики кои ќе го оправдаат тоа.

Дополнително,оваа недела се проширија шпекулации дека Google работи на нова верзија на Pixel Buds слушалките,како и на софтверски подобрувања на Pixel уредите преку најновите Android ажурирања.