НАСА ќе го носи Ѓоковиќ во вселената?

Среќниот Ѓоковиќ победи на натпреварот за прв астронаут од Јамајка и доби можност да патува во вселената. Да, токму така, не се работи за Новак, туку за 25-годишниот Данте, Јамајканец од Кингстон со српско потекло. Вистинитоста на неговото потекло е дискутабилно – постои можност дека го сменил презимето за да стекне популарност и да привлече внимание. Можеби е само верен навивач?

dante-djokovic-nasa_1393580522[1]

Како и да е, Ѓоковиќ беше пратен во астронаутската академија Аполо, каде по кратка постапка научи се што е неопходно да знае додека престојува во вселената.

dante-djokovic-nasa-2_1393580523[1]

„Посетата на НАСА и сето она што го видов внатре, за мене е неверојатно искуство. Да поминеш низ сите тие простории и да ги видиш сите тие ракети и летала… Просто не верував дека сум таму. Се чувствував како да сум во филмот Трансформерс или Луѓе во црно“, рече возбудениот Јамајканец, кој за време на посетата го запозна и Баз Олдрин – вториот човек што стапна на Месечината.

- Реклама -