Дали NASA планира да изгради суперкомпјутер на Месечината?

Во моментов NASA ги контролира своите вселенски мисии со мрежа сателитски чинии распоредени во Калифорнија, Шпанија и Австралија познати како Deep Space Network (DSN).

Дури и Voyager 1 сондата зависи од овие канали за испраќање на податоци до Земјата на нејзиното патување низ вселената. Но со текот на времето мрежата е сè позафатена и моменталниот хардвер не може да се справи со сите потреби. Во тек е изградба на две нови чинии во Австралија за справување со дополнителните податоци, но истражувач од Универзитетот од Јужна Калифорнија предложил порадикално решение.

Во презентација на Вселенската Конференција AIAA во Пасадина, Калифорнија, минатиот четврток, Оулианг Ченг предложил начин за изградба на суперкомпјутер и радио чинии на Месечината. Месечевиот суперкомпјутер ќе овозможи да се олесни напорот врз DSN и ќе ја олесни „првата фаза од месечевиот развој за индустриализација и населување“.

Прочитајте и:  Curiosity испрати неверојатна панорама од Марс

Ченг предложува месечевиот суперкомпјутер да биде изграден на далечната страна, во длабок кратер во близина на еден од половите. Тоа би го заштитило од екстремните температурни промени и би му дозволило пристап до поларниот мраз за ладење.

Предизвикот за градење на било што на Месечината е голем, но зголемената достапност на модуларни дата центри значително би го олеснил IT елементот од конструкцијата. Компаниите како HP и IBM сега создаваат дата центри во блокови кои можат да бидат поврзани на локација. Испраќање на блоковите на Месечината би било многу полесно отколку градење на цел суперкомпјутер на локацијата. [Build a supercomputer on the moon]

- Реклама -