НАСА пронајде нова форма на живот

НАСА пронајде нова форма на животНАСА објави дека нејзините научници пронашле бактерија во езерото Моно во Калифорнија, која ја менува дефиницијата за живот, со оглед на чудниот состав на клетките. Видот, наречен GFAJ-1 го има отровниот елемент арсен во ДНК, РНК, протеините и клеточните мембрани.

Според НАСА, ова е живот каков што до сега не сме виделе. Причината за тоа е фактот што сиот живот што постои на планетава е составен од 6 елементи: јаглерод, водород, азот, кислород, фосфор и сулфур. Сите живи суштества, од амебите, до најголемите китови ја имаат истата основа за живот. Научниците велат оти оваа бактерија наместо фосфор има арсен во својата ДНК, иако се работи за токсичен елемент.
НАСА откри нова форма на животОва откритие има неверојатни импликации. Со него, се менува дефиницијата за животот, каква што ја познававме, а со оглед на тоа што и отровни елементи можат да влезат во составот на живите суштества, може да се очекува да биде пронајден живот и на други планети, кои се далеку понегостопримливи од нашата. Во основите на ДНК на вонземските суштества, може да се очекува да бидат најдени и други елементи, како замена за арсенот.

Прочитајте и:  Храброст, надеж и љубов: Мајка од Скопје на 61 година го роди своето прво дете

Геобилогот Памела Конрад вели дека ова откритие ја потсетило на епизодата од „Ѕвездени патеки“, во која екипажот на Ентерпрајз се сретна со Хорта, животинскиот вид со силиконска основа. Поради тоа што сега сме сигурни оти постојат и други опции за создавање живот, потрагата по живи суштества во универзумот ќе биде променета и проширена.

Иако новиот вид не е пронајден на друга планета, тој од корен ја менува биологијата и сѐ што до сега знаевме за животот. Во исто време, кога беа откриени голем број црвени џуџиња (околу кои потенцијално може да има стотици планети налик на земјата), со ова откритие драматично се зголемуваат шансите да биде пронајден вонземски живот. [NASA announcement will ‘impact the search’ for life]

- Реклама -