НАСА: Решена мистеријата за Марс

Американската вселенска агенција НАСА најави дека се подготвува да претстави „големо научно откритие“ на прес конференција закажана за понеделник во Вашингтон, пишува Бизнис инсајдер.

nasamars-608126

НАСА објави листа на научници кои ќе бидат учесници на конференцијата наречена „Решена мистеријата за Марс“. Новинарите шпекулираат дека можеби станува збор за откривање на вода на црвената планета што би било поврзано со можност за создавање жив свет.

Прес-конференцијата ќе се одржи на 28 септември во 11:30 часот по локално време, во живо, преку веб сајтот и телевизијата на НАСА.

Мисијата на НАСА, според неодамнешната изјава на Барак Обама, е до 2030 година луѓето да ја посетат Црвената планета.

- Реклама -