Кина, која е главен потрошувач на природни дијаманти, има реални шанси да стане масовен добавувач на синтетички накит и за брзо време да ја обликува целата индустрија.
За разлика од придодните, кои се формираат во текот на милијарди години, синтетичките (вештачките) дијаманти се прават за неколку недели. Кинеските компании, пак, ја совладаа технологијата за нивно масовно производство во релативно краток временски период. Производите практично и да не можат да се разликуваат од оние ископаните од земјата.
Според проценките во индустријата, Кина веќе скоро десет години годишно произведува по над 10 милијарди карати дијаманти. Повеќето се за индустриска употреба, како при производство на абразиви, но и во аеронаутиката, нафтените платформи и електронските чипови. Но, како што конкуренцијата се заоструваше и технологијата созреваше, така кинеските компании сè повеќе се префрлија во пазарот на накит.
Лиу Ионгки – генерален директор на Sino-Crystal, вели дека компанијата сега произведува меѓу 2 и 3 милиони карати дијаманти годишно, од кои повеќе од половина се за накит.
„Важно е да се разбере дека дури и ако во почетокот на производството синтетичките дијаманти се со понизок квалитет, тие можат да се подобрат“, истакнува Пол Зимниски – независен аналитичар за дијаманти со седиште во Њујорк.
Според експертите, моментално синтетичките дијаманти претставуваат само околу 3 до 5% од потрошувачкиот пазар, но тој удел забрзано расте. Пазарот на накит од синтетички дијаманти ќе расте за 22% годишно, од 1.9 милијарди долари на 5.2 милијарди долари до 2023 година, проценува Зимниски. Според него, кинеските компании наскоро би можеле да му бидат силна конкуренција на глобалниот произведувач на дијаманти, De Beers.
Прочитајте и: ЗОШТО СЕ ДИЈАМАНТИТЕ ТОЛКУ СКАПИ?