Наскоро првата игротека со расни мачки во Европа

Дали сте занеле дека во Јапонија, Тајланд и низа други азиски земји постојат игротеки со мачки?!

Имено, плаќате влезница и внатре во игротеката, наместо со играчки, си играте со вистински мачки од разни раси. Навистина удобно за сите љубители на животните кои не се во можност да си дозволат милениче во домашни услови.

Инспирирана од оваа идеја, Британката Лорен Перс се подготвува за отворање на првата ваква игротека на европско тло, поточно во источниот дел на Лондон, Велика Британија. За почеток таа објавила конкурс за собирање на средства за реализација на проектот на кој се огласиле голем број Британци – љубители на животните.

Bear-and-Cat-Wallpaper-cats-28362989-1280-1024

За само неколку месеци биле собрани 109 510 британски фунти. Во моментов Лорен бара соодветна локација и ги уверува донаторите на средства дека многу наскоро ќе се случи отварањето на овој необичен локал на повеќестрано задоволство. Освен возрасните се очекува и децата да бидат редовни посетители.

- Реклама -