Наследникот на Nissan 370z доаѓа до хибриден систем

Според најавите на јапонските медиуми наследникот на спортскиот Nissan 370Z ќе се нуди во неколку различни верзии. Ќе има неколку нивоа на моќност, а ќе биде со хибриден систем.

Токму така, според извори блиски на компанијата, по се изгледа најинтересна од нив ќе биде хибридната модификација, која ќе користи бензински турбо агрегат од Mercedes и електромотор. Всушност станува збор за комбинација за варијанта со 3.0-литарски турбо мотор и вкупна  моќност од над 400 КЅ. Се претпоставува дека Plug-in технологијата ќе придонесе многу за врвните вредности на автомобилот, но засега детали нема.

Покрај тоа, се навестува дека името на моделот ќе биде заменето со ознаката Z35, а првите официјални фотографии треба  да ги очекуваме пред почетокот на салонот во Токио следната година. Продажбата треба да стартува во првите месеци на 2016.

 

- Реклама -