Наташа Андонова како Артим Шаќири: Даде гол од корнер (ВИДЕО)

Девојките на Барса беа убедливи на гости против Валенсија, совладувајќи ги со 1-4.

Голот за водство од 0-4 го постигна нашата Наташа Андонова во 60-тата минута од мечот. Се работеше за фантастичен погодок кој инстантно нé врати во тој убав момент кога Артим Шаќири му брцна гол на англискиот голман Дејвид Симан – директно од корнер, исто со лева.

Голманката на Валенсија стоеше во неверување исто како и Англичанецот, а голот на Андонова сигурно ќе биде гол на колото. „Најдоброто од Македонија“, како што ја нарекуваат, изјави дека е почестена што го ископирала ремек-делото на Шаќири.

- Реклама -