НАТО откри балистички проектил од Иран во турскиот воздушен простор

Турскиот одговор на балистичкиот проектил од Иран

Балистички проектил, за кој е потврдено дека е лансиран од Иран и влегол во турскиот воздушен простор, бил успешно неутрализиран од воздушните и противракетни сили на НАТО, распоредени во источниот Медитеран. Оваа информација ја соопштија од Турското Министерство за одбрана.

Во соопштението се истакнува дека Турција решително ги презема сите неопходни мерки против секоја закана насочена кон нејзината територија и воздушен простор. „Проектилот, лансиран од Иран, беше успешно неутрализиран од нашите одбранбени сили. Секогаш реагираме без одлагање на каква било закана, а внимателно ги следиме настаните во регионот, со акцент на нашата национална безбедност“, се наведува во соопштението.

Прочитајте и:  Трамп и Шји постигнале договор Кина да не испраќа воена опрема во Иран.

Дополнително, Турција најави можност за воена интервенција во северен Ирак, слична на нејзините операции во Сирија. Ова предупредување особено се однесува на борците од Работничката партија на Курдистан (ПКК) и нејзиниот ирански огранок, Партијата за слободен живот на Курдистан (ПЈАК), доколку се вклучат во копнените борби во Иран, наводно со поддршка од Израел.