НАТО распоредува германски воени авиони поради руското присуство во Балтичкото Море

НАТО активираше два германски млазни авиони „Јурофајтер“ поради неочекувано приближување на руски извидувачки авион во Балтичкото Море, најавија денеска официјални лица.

Според информациите од ДПА, авиони полетале од воениот аеродром Росток-Лаге со цел идентификација на рускиот авион „Иљушин Ил-20М“.

Овој авион летал без сигнал и без претходно известување, задржувајќи се во меѓународниот воздушен простор, потврди портпаролот на германските воздухопловни сили.

Ова беше десетто алармно полетување над Балтичкото Море во тековната година.

Ситуацијата во регионот станува сè понапрегната по неодамнешните инциденти поврзани со шпионажа и осомничени актови на саботажа.

Прочитајте и:  Десет лица уапсени во Скопје, откриена дрога на неколку локации