НАТО започна со координација на редовни испораки на оружје за Украина, во рамките на новиот финансиски проект познат како „Список на приоритетни барања на Украина“. Ова следи по најавата на Холандија за првата пратка вредна 500 милиони евра, како што пренесува Асошиетед Прес.
Холандскиот министер за одбрана, Рубен Брекелманс, истакна дека неговата земја ќе испрати опрема за системи за противвоздушна одбрана, муниција и друга воена помош, при што поголемиот дел од опремата е набавен од Соединетите Американски Држави.
До крајот на овој месец предвидени се две испораки. Опремата е специјално прилагодена на приоритетите на украинската армија на бојното поле, а НАТО ќе ги испрати оружјето и муницијата до конкретни локации.
„Пакетите со воена опрема ќе бидат подготвени за брза испорака и ќе бидат испраќани редовно“, соопштија од НАТО синоќа.
Најмногу се чувствува потребата за системи за противвоздушна одбрана. Според податоците на Обединетите нации, во немилосрдното руско бомбардирање во задниот дел на Украина загинале повеќе од 12.000 цивили откако Москва ја започна својата агресија во февруари 2022 година.




