Научниците одамна претпоставуваа дека апсолутно црните тела емитуваат радијација и тоа создава ефект на одбивање. Според новото истражување, сепак, има уште една сила која игра улога во оваа ситуација – слична на гравитационата сила која ја привлекува материјата кон апсолутно црните тела. Научниците во нарекуваат “сила на црно тело”.
Апсолутно црните тела се астономически објекти кои апсорбираат и не ги одразуваат ништо, исто така влијаат на нуклеарната енергија на молекулите околу нив со таканаречениот ефект на Старк. Тоа се манифестира кога електричното поле, креиран од црните тела испраќа фотони кон молекулите наоколу и на тој начин создава сила на одбивност која ја гледаме околу овие тела. Сепак, ако енергијата е со одредено ниво, а емитувањето на црното тело е со температура пониска од 6.000 Келвин, се создава сила на гравитација, поголема од притисокот на емитуваните фотони, а во некои случаи поголема и од гравитационата сила.
Оваа нова “сила на црно тело” влијае само на најмалите честички во вселената. Австрискиот тим од научници кои ја откриле моќта се заинтересирани конкретно од тоа како оваа сила влијае на вселенскиот прав. “Малите честици прашина во вселената играат важна улога за формирање на ѕвезди и планети”, вели М Зонлајтнер, научник од Универзитетот Инсбрук кој работи во проектот. “Во моментов има нејасност како тие комуницираат со водородни атоми или една со друга. Продолжуваме да истражуваме како новата сила влијае на динамиката меѓу вселенски прав и атомите наоколу “, завршува тој.
Научниците се соочуваат со потешкотии со цел да го рекреираат ефектот од оваа сила во лабораториски услови, но кога ќе успеат, тоа ќе фрли светлина врз многу фундаментални прашања во астрофизика.
Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk