Доктор Џеф Вилсон, професор по науки за животна средина на универзитет во Тексас, објави дека ќе помине една година од својот живот, живеејќи во контејнер за ѓубре. Вилсон ќе причини апсурден експеримент во името на науката и одржлив начин на живот.
Професорот ќе живее во непријатно живеалиште, со пространост од малку повеќе од 3 квадратни метри или околу 1 процент од домот на просечниот Американец. Контејнерот не изгледа како сосема вообичаено место за отпад, бидејќи располага со тоалет, кревет, компактна кујна, безжичен интернет конекција и климатизација.
Единственото нешто што недостасува е причина зошто човекот би живеел во толку мал простор. Уште повеќе кога луксузниот контејнер не располага со бања и туш. Секако, останува допрва да го согледаме заклучокот од експериментот.