Научници открија инсекти со разменети гениталии

Научниците успеаа да  откријат први примери на животни со превртени  родови гениталии, соопшти Си-Би-Ес. Станува збор за  инсекти од Бразил, каде што кај женките  се забележани слични органи на пенисот, додека кај мажјаците се забележани женските гениталии .

Научниците го направија откритието во исклучително суви пештери кои се наоѓаат во Бразил. Од четирите вида помалку познати инсекти кои што живеат во пештерите, женските поседуваат слични гениталии на пенис, наречени гиносоми. Мажјаците се „еднакви” и се донирани од природата со гениталии, слични на вагина и крстени фалосоми.

„Овие видови претставуваат први случаи на природата, во кои гениталиите биле разменети”, изјави Родриго Фереира, еден од на  научниците од универзитет во Бразил. Органот кој личи на пенис  кај женките е релативно голем во споредба со должината на инсектите и претставува 1/7 од растот. Инсектите биле пресретнати како се множат во текот меѓу 40 и 70 часа. При чинот женските ги вметнуваат своите гиносоми во машките органи.

- Реклама -