Научниците докажаа – возачите не сакаат нови технологии?!

Возачи на нови автомобили немаат доверба во нови технологии и системите за безбедност, со кои се опремени нивните возила. Ова го покажуваат неколку различни студии, кои докажуваат дека мултимилионски инвестиции и новите супертехнологии се целосно непотребни и возачите не ги сакаат.

Истражувањето на агенцијата JD Power and Associates покажа нешто повеќе – голем дел од возачите дури не се сомневаат за постоењето на таквите системи. Анкета меѓу 4.200 возачи кои во рамките на последните 4 месеци станале сопственици на нови автомобили, открива дека 43% од нив воопшто не се заинтересирани за вградени во автомобилот програми. Околу 35% од испитаниците категорично одбиваат да му верувате на системот за автоматско паркирање, а 33% признаваат дека воопшто не го користат проекцискиот дисплеј на таблата (ако нивниот автомобил е опремен со таков). Токму 33% се на мислење дека дополнителните мобилни апликации се целосно непотребни, а 20% се подготвени да се откажат од мултимедијалниот систем со гласовно управување и од интернет.


Друга студија – на компанијата CarInsurance, покажува дека повеќето возачи не се подготвени да ги користат автоматските состави во возила. Дури 75% од испитаниците (од вкупно 2.200) целосно веруваат на своите навики за управување на автомобил и за ништо на светот не би прифатиле тој да се движи сам по улиците. Дури 20% се подготвени да инвестираат и да купат беспилотно возило.


Интересно е дека на автоматски модели им веруваат повеќе во земјите како Бразил, Индија и Кина. Според анкетата на Cisco Systems околу 57% од испрашуваните во овие земји немаат ништо против патување со такви автомобили. На спротивна страна се возачите од САД и Русија, каде противниците на автономни возила се повеќе од 60%.


Излегува исто така, дека системите за гласовно управување со функциите на автомобилот се поопасни од мобилен телефонски разговор. До овој заклучок дошле експертите од AAA Foundation of Traffic Safety (фонд за безбедно движење по патиштата). Тие анкетирале 257 возачи и утврдиле дека одземањето на нивното внимание при користење на гласовните команди во автомобилот е идентично со она при пишувањето на SMS зад воланот. И покрај сето ова, се покажа дека околу 70% од возачите не се срамат да користат стандардни технологии, во кои се вклучени мобилни телефони. Една од најголемите телекомуникациски компании – AT&T, објави уште дека околу 25% од возачите си комуницираат во социјалните мрежи, додека патуваат. Сличен е и процентот на оние кои користат видео за време на движење. Сите 70% кои признаваат користење на мобилен телефон во автомобилот, се категорични дека тоа не се одразува на возењето.

/Автоплус

- Реклама -