Научниците открија зошто изгубениот град на Инките е изграден на прекрасно место

Научникот за геолошко истражување на универзитетот Рио Гранде, Руалдо Менегат, тврди дека ја открил причината зошто Инките го изградиле својот славен град Мачу Пикчу на специфичен начин и зошто го изградиле на таква височина.

Бразилски геолог ја анализирал областа каде што се наоѓал стариот град за да пронајде тектонски пукнатини – откритијата биле изненадувачки.

Како што објасни научникот за време на конференцијата на геолошкото друштво на Америка, одржана во Феникс, овие пукнатини се разликуваат драматично по големина: некои од нив се толку големи и долги што дури и го одредуваат текот на локалните реки, пренесува Спутник.

Менегат открил дека овие пукнатини следат две главни насоки: од северо-исток кон југозапад и во спротивна насока. На овој начин, пукнатините создаваат x форма и Мачу Пикчу е токму на местото на пресекот.

Истражувачот сугерира дека сите градски структури се изградени врз оваа шема.

„Целиот град има иста шема како и пукнатините во земјата, што му даваат  на градот несовладливи предности. Прво, камењата беа полесно да се отстранат на овие места“, посочува Менегат.

Покрај тоа, протекувањето на земјата помагало да се насочи водата од растопоениот снег или дожд кон градот, создавајки стабилен извор за питка вода. Истоверемено, за време на невреме и обилни дождови пукнатините помагале вишокот вода побрзо да се исуши.

„Околу две третини од напорите за изградба на светилиштето беа поврзани со канализација под површината. Пукнатините помогнаа во зачувувањето на локацијата“, рече геологот.

Исто така, градејќи го град на толку високо место, Инките на тој начин се заштитувале од лавини и лизгање на земјиштето, кои што се  вообичаени во Андите.

- Реклама -