Научниците советуваат како до поцврсти гради

Оваа студија веројатно ќе ги збуни жените, но веруваме дека многу ќе ги израдува мажите.

Според најновите научни студии, редовното носење на градник може да создаде проблем кога се градите во прашање.

Како што воочиле француските научници, неносењето на градник всушност ги зајакнува мускулите на градите, па тие на некој начин самите подолго се одржуваат цврсти.

„ Многу жени кога се дома не носат градник, а причината за тоа е што така им е попријатно. Но, тоа е и здраво. Освен тоа, мускулите остануваат јаки, а се подобрува и квалитетот на кожата на градите“, појаснува професор Роуилон од Универзитетот Besancon, кој го спровел истражувањето.

Свесни дека жените тешко ќе се откажат од градникот, научниците понудија неколку совети какви градници да изберете , ако  преферирате – мораат да бидат удобни, ништо не смее да притиска било кој дел од телото, па мора да биде со соодветната големина и направен од природни материјали.

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите
- Реклама -